Friday, December 13, 2013

Популарни аквариумски риби

Poecilia Reticulata

Picture

Потекло: Централна и дел од Јужна Америка до Бразил
Позната како: Guppy (Гупи)
Големина: Женки до 6cm, машки околу 4cm
Параметри на водата: 18-27 C, средно тврда, 7.0-8.0 Ph
Прехрана: Сува, жива и смрзната храна
Разлика меѓу половите и одгледување: Машките се помали од женките, имаат поубави и повеќе бои, поголеми грбни перки и многу поголеми задни перки и имаат гоноподиум кој е анална перка развиена во орган за оплодување на Женките. Женката која еднаш е оплодена може да раѓа повеќе пати т.е. ја чува млечта, што е еден вид на прилагодување во случај на лоши услови. Носењето на оплодените јајца трае околу 30 дена. Женката пред пород има голема, темна точка на задниот дел од стомакот. Во просек женката раѓа 10-15 млади зависно од нејзината големина и старост. Гупите се канибали како и сите останати живоротки, па затоа женката треба да ја ставиме во посебен аквариум со густо насадена трева за да можат малите да се сокријат или да ја ставиме во мрестилка. Малите риби  е добро одма да се хранат со жива храна или со иситнета сува храна, младите брзо растат во вода богата со кислород, па затоа добра густа насаденост на аквариумот или појачана аерација на водата е пожелна. 

Коментар: Гупите најлесно се размножуваат од сите живоротки, тоа е една од основните причини зошто почетниците се одлучуваат баш за таа врста. Гупите се мирољубуву, не бараат некои посебни услови и се идеални за заеднички аквариуми. Заради лесното одгледување и можноста за одбирање варијации за одгледување, денес на пазарот имаме многу врсти гупи кои се разликуваат по обликот на перките и боите. Ако сте почетник и ако се одлучите за гупи они ќе ви помогнат засекогаш да го засакате ова хоби.

Напомена: Чувајте 2-3 женки на еден мажјак, за да го намалите стресот на женките од сталните прогонувања и желби за парење на мажјаците.

Xiphophorus Helleri

Picture
Позната како: Ксифо, Сабјарка
Потекло: Средна Америка, Јужно Мексико до Гватемала
Големина: oд 12 до 13 cm
Животен век: 3+ години
Карактеристики: Мирољубива, активна, живее во јата
Параметри на водата: 7,3 pH, 10- 13 dH, 17- 25 o C
Прехрана: Сува храна, жива храна, смрзнати ларви од комарци, додаток билна храна на пр. спирулина лифчиња 
Прекрасна, мирољубива риба со активен темперамент, една од најубавите живородни риби. Сака големи, аквариуми со многу растенија и многу простор за пливање, друштвена е и погодна за заеднички аквариуми. Разликата на половите е видлива како и кај сите останати живородки така и кај ксифото, мажјаците имаат анална перка развиена во гоноподиум и задната перка има продолжување во облик на меч. Женката ги носи младите 4-5 недели и може да породи од 25 до 100 млади, што зависи од големината и староста на женката.  

Poecilia Velifera (Latipinna)

Picture
Живоротките се вивипарни риби од фамилијата Poeciliidae. Потеклото на оваа фамилија риби е Јужна и Средна Америка и води во САД. Се наоѓаат во слатки, ботанички, па дури и солени тропски води. Главна и напрепознатлива одлика на овие риби е внатрешното оплодување и вивипарност- способност женката да ја инкубира икрата во својот стомак. 



Xiphophorus Maculatus

Picture
Позната како: Платица
Потекло: Средна Америка- Мексико, Гватемала                        Големина: до 6cm
PrehranaИсхрана: Жива и сува храна, смрзнати ларви и лифчиња
Карактеристи: Мирољубива, активна, лесна за одгледување и размножување
Параметри на водата:pH 7.0, темп. 22-26 , средно тврда


Paracheirodon innesi

Picture
Потекло: Јужна Америка, Амазон
Позната како: PПлава неонка, неонка
Големимина: 4 cm
Параметри на водата: Температура 21-24 C, киселост 6,6-7 pH, тврдост 8-10 dGH,
Прехрана: Сува и жива храна, лифчиња, гриндал црви 
Разлика меѓу половите и одгледување: 
Кај неонките мажјакот е потенок и помал од женката. За размножување ни е доволен помал аквариум со мрежичка на дното низ која пропаѓаат икрите да не би биле изедени од стана на родителите, потребна е мека вода 2 до 4 dH , а киселост околу 5,5 – 6,5 додека температурата би требало да биде околу 21-23 степени. На една женка мораме да и пуштиме два мажјака, во спротивно положувањето на јајцата нема да успее. Родителите после мрестот ги преместуваме. Јајцата се осетливи на светлост па аквариумот треба да биде замрачен. Зависно од температурата на водата малите неонки излагаат во рок од еден до два и пол дена и почнуваат да се лепат по растенијата, стаклото и на дното. Малите неонки после една недела веќе можеме да почнеме да ги храниме со артемија.

Trichogaster Trichopterus

Picture

Име: trichogaster – tricho = три, gaster = желудник; trichopterus – pteris = врста папрати
Синоними: Trotočkasta guramija, Plava guramija, Plavi trichogaster, Zlatna guramija, Zlatni trichogaster (Three spot Gourami, Blue Gourami)
Живеалиште: ЈИ Азија, Сијам
, Малајски поток, Пинанг, Сингапур, Суматра, Банка, Јава, Бали, Мандура, Борнео
Големина:  до 15 cm
Параметри на водата: темп.: 22-27 C; pH 5,5 – 8,5; мека- тврда
Најмала препорачана големина на аквариумот: 150 litara 
Razred: Perciformers
Ред: Anabantoidei
Фамилија: 
Anabantidae
Род:
 Trichogaster 
Прехрана: tubifex црви, водени бубачки, сува храна, смрзната храна

Betta Splendens

Picture
Позната како: SСијамски борец, Бета борец, Betta
Потекло: Азија 
Големина: 6cm
Храна: Сува храна, замрзната храна
Вода: 23°-27°C; 30 за мрест, dH 8,pH 7,0
 Однесување: Мирољубива риба, за време на мрест малку територијална. Два машки примероци никако не се поднесуваат и не се чуваат заедно во ист аквариум, бидејќи може да се тепаат до смрт. Оваа преубава аквариумска риба, и преубавите бои кои сто ги има кај маскиот пол, е доста привлечна риба за акваристите. Денес постојат мн врсти настанати со селетивно размножување, со разни бои, должина и облик на перките и сите се поприлично различни од дивиот вид на B.splendensa. Сака густо насадени аквариуми со средно осветлувањем, со доста простор за пливање, слаба циркулација на водата и доста пловечки растенија. Разликата меѓу половите е едноставна- мажјакот има големи и раскошни перки, додека женката има кратки. Најдобро е со еден мажјак да се чуваат 2-3 женки. Не бараат некои посебни услови бидејќи се познати како лабиритни (можат да вдишат атмосферски кислород), можат да преживеат во води сиромашни со кислород. Дивите примероци на пр. живеат во оризови полиња, често во отисоците од копитата на водените биволи.

No comments:

Post a Comment