Friday, December 13, 2013

Акваристика- чудесен тивок свет

Аквариумот го поседува се она што човекот преживува низ целиот негов живот. Без оглед на возраста, работата, кариерата, дали нешто го прави среќен или тажен, радосен или преморен. Тоа е детска имагинација и потреба за препуштање во еден совршено усогласен свет.

Архетипски човечката потреба и силното чувство за припадност кон подводната хармонизирана заедница, ја прави акваристиката вистински времеплов која може да ја отвори портата на бесконечниот мир, совршениот природен поредок на работите, светот на посебните бои и неописива леснотија. Аквариумот ни овозможува да го видиме она што обично неможеме да го видиме, да го доживееме она што сме го заборавиле. Целиот подводен космос на бесконечно спокојство.

Кога веќе поседуваме аквариум, и се занимаваме со акваристика во нашата секојдневница имаме драгоцено време со нов квалитет, со кој малку работи во животот може да се споредат.







No comments:

Post a Comment